Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски вечерва во емисијата Клик Плус која се емитува на ТВ21 истакна дека донесените мерки владата се задоцнети и дека тие како пратеници уште од 28 февруари поднесоа предлог закони кои што беа со четири столба кои што сега ги опфаќаат и мерките на владата.

-Сметаме дека сетот на мерки е задоцнет од една причина заради тоа што ние од 28-ми февруари ги поднесовме нашите предлог закони кои што беа со четири столба кои што сега ги опфаќаат мерките кои што ги предложи владата, а 12 дена се чекаше и 12 дена македонските граѓани беа елиминирани од можноста да плаќаат поевтини горива или да плаќаат поевтини производи од аспект на намалувањето на ДДВ. Во тие 28 мерки на владата има и се уште мерки за кои што не се поднесени законски решение а ние за кои што уште на 15-ти февруари му кажувавме на министерот за финансии, конкретно се работи за царинските тарифи за увоз на храната на начин на кој што ќе се намали цената на храната. Сметаме дека треба подлабоко да бидат изработени тие мерки затоа што гледаме дека има огромни пропусти со маржите за трговците, рече Стојановски.

Што се однесува до цените на горивата Стојановски истакна дека откако СДСМ е на власт давачките кон државата од литар гориво се покачени за 14 денари за да власта ужива во удобството.

-Во делот со кој што се намалуваат цените на горивата во овој момент цената на барелот е 106 долари на светските берзи а по законот на власта сега нема олеснување на акциза а може да видиме дека ние плаќаме многу високи давачки кон државата. Ние предложивме да се намалат акцизите за 50 проценти, ДДВ-то за горивата да не биде од 18 на 10 проценти туку од 18 на 5 проценти и на тој начин ќе беа намалени давачките кон држава за прилична цена и сега веќе 14ти ден граѓаните ќе плаќаа можеби 20 денари помалку за гориво. Но тука што е суштината, владата не сака да се откаже од тие трошоци кои што од литар гориво се од прилика 35 денари а вреди да се напомене дека откако е СДСМ на власт за 14 денари се поскапени давачките кон државата од литар гориво за да ужива во удобството, па можеме да видиме дека од нова година до сега 2 милиони евра се потрошени на хотелски услуги, на набавка на златен прибор, на набавка на цвеќиња, можевме да видиме дека 145 возила се набавени во услови на криза. И токму заради тоа сметаме дека овие мерки не се креирани како што треба, нагласи Стојановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.