Во вечерашната емисија „24 анализа“ на 24 ТВ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој што во однос на најавата дека можеби ќе поскапат струјата и парното за 20 проценти заради бугарската такса за транзит на руски гас истакна дека ВМРО-ДПМНЕ сериозно ја сфаќа ситуацијата и уште во минатото понуди решенија и солуции за да не зависиме како држава само од соседите туку и самите да создадеме капацитети.
Како ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќаме сериозноста на ситуацијата во моментот сме во една тешка економска состојба која што влијае и во севкупните односи во општеството и ги разгледуваме состојбите во моментот очекуваме документи да видиме каков би бил ставот завземен од ВМРО-ДПМНЕ по денешните случувања но не може со сарказам и маалски муабети да се објаснат овие ситуации бидејќи станува збор за еден сериозен удар врз економијата стопанството врз она што ќе значи Македонија во следниот период затоа што се очекува поскапување за 20 проценти каков што ќе биде ефектот што слушнавме од предвидувањата на економистите. Ова може да биде само една школа што може да се очекува од Софија по системот награда или казна во следниот период, нагласи Стоилковски.
Стоилковски потсети и на понудените решенија и солуции од страна на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на ваквите ситуации и укажа на тоа дека Македонија треба и самата да создаде капацитети за да не зависиме само од соседите.
Да потсетам само на состојбата кога почна целата криза и кога ВМРО-ДПМНЕ понуди решенија и солуции на тоа како се решаваат тие ситуации со закупување на танкови каде што може да се складира гас, да направиш резерва, да се создаде систем за да не дојде до ваква ситуација бидејќи не е од вчера состојбата помеѓу ЕУ и Русија или влијанието на Русија врз Софија, или воопшто односите на Македонија и Софија за да може да се очекува дека може да направи едноставно затворање на вентилот. Прашање е до кога македонија ќе се доведува во состојба да зависи од соседите наместо сама да создаде капацитети“ кажа Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.