Кире Наумов нема ли да напише некое писмо до меѓународните организации за задолжувањата?
Ванчо Узунов, нема ли “затегање на ремен”?
“Данска” нема ли некоја платформа да се качи говори да држи?
Таки Фити ќе го врати ли бројчаникот на МАНУ или незгодно малку е сега кога ќерка му е во ИО на СДСМ?
Ако за долг од 45% се правеа протести и им беше “неиздржливо” сега на над 60% со тенденција до 70% од БДП, доколку се држат до ставовите, треба пак да спијат на улици!
И задолжувањето што го прават им се пари за плати и социјален мир; пари фрлени во ветер!
Сега не им е спорно тоа што “Таче”, кој што како заменик министер учествувал во правење на буџетот од 4 мил., по само неколку месеци позајмува 1 милијарда!
Не утнал многу, една четвртина.
Ги имам. Сите изјави и видеа и анализи и колумни, текстови, од политичари и ‘експерти’ ги имам од тоа време. И ќе правам споредби со текст, изјави, видеа, за сите сега искажани дијаметрално спротивни ставови од истите луѓе.
Македонија не смее да си дозволи релативизатори во одбрана на директните предизвикувачи на катастрофата, напиша на Фејсбук, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.