Сојузот на синдикатите на Македонија е револтиран поради тоа што не беше изгласана иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот. Од таму информираат дека „дојде време вредната работничка рака да стане стисната тупаница“. è

-Бидејќи никој не се јави, одважи и ја изгласа иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот да изнесува 60% од просечната или 18.000ден и усогласување и пораст на сите останати плати на работниците и да важи од 1 јануари 2022 година согласно порастот на сите животни трошоци: цените во продавниците,маркетите, пазарите, стујата,парното и се останато… ИМ ,,ЗАБЛАГОДАРУВАМЕ” НА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕНАРОДНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ЗА СЕ ШТО ДОЗВОЛИЈА И ОСТАВИЈА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПРЕД НОВА ГОДИНА ОСВЕН МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И СИТЕ ОСТАНАТИ ПЛАТИ НА РАБОТНИЦИТЕ!!!, велат преку соопштение од ССМ.

Според нив, ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници пратеници!

-ПА ЗАТОА ДОЈДЕ ВРЕМЕ ВРЕДНАТА РАБОТНИЧКА РАКА ДА СТАНЕ СТИСНАТА ТУПАНИЦА ВО БОРБАТА ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈА!, додаваат од ССМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.