Општина Струмица ќе ја субвенционира цената на гасот со 10 денари. За таа намена предвидени се 3 милиони денари во Буџетот за идната година.

Вака кажа градоначалникот на Струмица – Костадин Костадинов со цел да ги мотивира струмичани да се приклучат на гасоводната мрежа бидејќи природниот гас е најефтин и најеколошки енергенс со што ќе се придонесе да се намали аерозагаденоста во Струмица.

Во Струмица на гас се греат околу 400 физички и правни лица. Изградена е секундарна гасоводна мрежа од 40 километри.

Приклучокот на гасоводната мрежа во Струмица за домаќинства со вградување на мерно регулационен сет се движи од 600 до 800 евра во зависност од објектот.

Општина Струмица неколку години наназад издвојуваше субвенции од 100 евра за приклучување на мрежата, но сега одлучи да ја субвенционира цената на гасот со 10 денари за потрошен кубен метар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.