ССМ реагираше на измената во законот за Недела неработен ден, со што на трговците на мало во туристичките места им се дозволува да работат и во недела и на празник.
Реакцијата на ССм ја прнесуваме во целост.
ССМ со право, уште на самиот почеток на процесот на уредување на недела како ден на неделен одмор укажуваше дека ова право во никој случај не смее да се регулира со друг закон освен со Законот за работните односи и дека во тој случај му се дава можност на еден министер со потпис да одлучува за судбината на работниците, што по 6 месеци се покажа како точно, иако во тој период од министрите бевме убедувани дека тоа нема да биде случај.
Министерот, кој на 2 јануари се фалеше дека недела неработен ден е реалност, на 27 јуни се фали дека сите трговци во туристичките дестинации ќе работат во недела.
Трговците можеа и до сега да работат, но самите, а на министерот очигледно не му се допаѓа тоа па сега работниците ќе им работат на трговците.
Министерот за економија тргува со човечки судбини, па прашуваме дали на работниците им е потребен министер трговец како него.
Истовремено, потсетуваме дека овластен предлагач на Законот била пратеничката Жаклина Лазаревска, истата пратеничка која за амандманот на ССМ од говорница викаше дека на работниците лесно можеле да им дадат 2.806 денари, ама не сакале да им дадат за да не ги расипат од многу пари.
Работниците мора да се прашаат на кого го даваат својот глас на избори, ако знаат дека сите пратеници сложно се против работниците.
Работникот памти и ќе врати!!! – се вели во реакцијата на ССМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.