Владата ја усвои информацијата на Министерството за локална самоуправа за конкретни активности за финансирање на капитални проекти во општините, за кои владата согласно својата програма има план да инвестира 250 милиони евра.
За 2024 година на располагање на општините се 6 милијарди денари кои се обезбедени со новиот ребаланс. Досега Министерството за локална самоуправа преку партнерство со УНДП и Шведската амбасада подготви 56 проектни документации за капитални инвестиции и проекти, од кои 54 за општински проекти и 2 проекти за планските региони. 17 се од областа на комунална, транспортна и бизнис инфраструктура,15 од социјалната инфраструктура и 22 од водоводната инфраструктура и заштита на животната средина. Владата го задолжи министерството да формира Комисија за оценка на предложените проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.