Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе одлука за малопродажните цени на нафтените деривати што ќе важат од ноќеска на полноќ. Како што велат од РКЕ исполнети се предусловите за носење нова одлука.
РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати. По одржувањето на седницата ќе биде објавена одлуката која ќе биде на сила од полноќ, велат од РКЕ.
Со последните измени на правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката РКЕ го зема просект од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.