Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи Саем за мебел.
Следуваат денови на големи саемски попусти, голем број производители на мебел ќе се претстават со над 70 истакнати домашни и интернационални брендови.
Koнцептот и просторот за овогодинешното издание на Саем на мебел се осмислени и адаптирани по највисоки стандарди.
Освен широка лепеза на парчиња мебел, на Саемот ќе бидат споделени уникатни и корисни совети за уредување, идеи за несекојдневни бои, насоки за одржливи материјали, како и неодоливи понуди од водечки брендови.
Минатото издание на Саем на мебел пречека и услужи над 15.000 посетители и тоа беше дополнителен мотив за организаторите веднаш да започнат со подготовките за 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.