Годинашниот Саем за мебел ќе се одржи од 29. март до 2. април во „Борис Трајковски“ во Скопје. Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди.

Саемското претставување ќе трае 5 дена, на кое се очекува бројни домашни производители на мебел да ги претстават своите најнови изданија, како и интернационални брендови, кои се присутни на пазарот преку нивните застапници.

Скопски саем ги најавува и следните два саеми во пролет:

35. издание на Саемот на книга исто така ќе се одржи во пролетниот термин од 04. до 10. мај 2023 година.

Во периодот од 7. до 9. јуни 2023 ќе се одржи и Саемот за транспорт каде што ќе бидат претставени товарни и комерцијални возила пред деловната публика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.