Добрите бизнис планови заслужуваат брза поддршка и супер бизнис кредити какви што се кредитите на УНИБанка АД Скопје. Од големо значење за деловните корисници е ако кредитите се со поволна и атрактивна каматна стапка, без трошоци за обработка и можност за флексибилно искористување на средствата согласно потребите на бизнисот.

Супер брзиот кредит е со износ до 30.000 евра, со каматна стапка од 6.40% која е фиксна првата година,  без трошоци за обработка на барањето, како и можност за грејс период од 6 месеци.

Не се бара заложување на имот и  рокот на доспевање е дури до 5 години. Наведените карактеристики го прават атрактивен за сите бизнис потреби.

За оние кои имаат потреба од поголем износ на средства, УНИБанка АД Скопје нуди посебен продукт до 100.000 евра, со хипотека, со атрактивна камата од само 4.90%. Истиот е со рок на отплата до 10 години и без трошоци за одобрување.  Постои можност за грејс период до 12 месеци, флексибилна намена, за инвестиции и за обртни средства.

УНИБанка АД Скопје  и во иднина ќе го следи пулсот на бизнис заедницата и благодарение на неа многу деловни субјекти ќе имаат можност да го унапредат својот бизнис и да реализираат инвестиции.

Банката има значаен придонес кон развојот на локалната економија преку поддршка на бизнисите.

Комерцијален текст



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.