Саемот на Мебел оваа година ќе се одржи од 29 март и ќе трае до втори април, со работно време од 10.00 до 20.00 часот, а ќе се одржи во Комплекс – „Борис Трајковски“. Билети може да се набават на билетарниците пред влезот на Саемот и преку платформите: www.karti.com.mk и www.mktickets.mk.

На Саемот ќе се претстават над 40 домашни и меѓународни брендови со богата понуда на мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, но и на декоративни подлоги и елементи и секако на оригинални решенија за ентериерот.

Партнер на годинашното издание на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје, која на посетителите на саемот ќе им понуди атрактивни кредитни производи за купување на посакуваните парчиња мебел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.