Оваа власт ги турка пензионерите во сиромаштија. Ако се очекуваше решение кое ќе биде помош на пензионерите во оваа сиромаштија и криза видовме дека и оние најавени 6,8% не ги добија, туку 5,3%, што значи скратено им е и една четвртина од тоа најавено покачување. Власта ги понижи пензионерите бидејќи не се живее со 12-13.000 денари, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески за Анализа на ТВ24.

Ристески потенцираше дека тоа што власта и министерката не сакаат да кажат е дека најниските пензии се зголемени само за околу 700 денари.

Со ова процентуално зголемување јазот помеѓу пензионерите се зголемува, а не се решава проблемот. Народски речено тој што има пак да има, а тој што нема пак да нема. Едно влегување во продавница чини повеќе од дупло од тие 700 денари. Двајца пензионери до 12-13.000 денари не можат да ја платат потрошувачката кошничка, истакна Ристески.

Тој посочи дека со месеци пензионерите протестираат затоа што немаат леб да си купат.

Она што го кажува министерката „политики на добро владеење“ го направија проблемот. Ако неколку години се нивелираа пензиите немаше ваква да се појави разликата помеѓу платите и пензиите. Зборуваат дека нема средства за линеарно покачување, а линеарното покачување нема да се одрази на планираниот буџет ако се распределат средствата рамномерно. Има највисока инфлација во историјата, има 46% пораст на трошоците за храна кои се најважни за пензионерите, изјави Ристески.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.