Поскапувањето на горивата за по девет денари од полноќ, предизвика граѓаните да побрзаат и да се упатат кон бензинските пумпи за да наточат гориво пред стапи на сила најавеното поскапување.
Бензините и дизелот од полноќ ќе поскапат за по девет денари.
Тоа е причина што попладнево почнаа да се формираат редици на бензинските пумпи, формирани од возила кои чекаат да стават гориво.
Причината за драстичниот скок е тоа што од утре, повеќе нема да има намалено ДДВ за течни горива, откако Владата на денешната седница не ја продолжи оваа мерка.
Експертите претходно предупредија дека ако не се преземе нешто откако ќе престане нејзината важност, ќе следи сериозен ценовен шок кои ќе се одрази врз стандардот на граѓаните, инфлацијата ќе порасне, но од друга страна ќе се полни буџетот.
Од опозицијата претходно предложија со законски измени ДДВ за течни горива до крајот на годинава да биде 5 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.