Прва мерка на Ковачевски е покачена струја и парно, и поскапи сметки за граѓаните за 500 денари. Поради неспособноста на СДСМ, и желбата за криминал и рекет, цело лето не се копаше јаглен во РЕК Битола, и комбинатот се остави без јаглен во сред грејна сезона. Акумулациите се испразнија, зошто се произведуваше струја додека беше евтина, а сега купуваме 10 пати поскапа струја, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека само за два месеци од парите на граѓаните се потрошија 86 милиони евра за купување скапа струја. Таа неспособност сега ќе се плаќа уште поскапо со по 500 денари поскапи сметки за струја.
Неспособноста на власта резултира и со поскапо парно. Некадарноста на СДСМ го јаде буџетот на народот. Граѓаните се се посиромашни. СДСМ не знае како да се справи со кризата. Со СДСМ само тонеме, се додава во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.