Големи редици за поднесување плата се создадоа денеска во Управата за јавни приходи (УЈП) откако цела недела не работи системот за електронско поднесување на платите, пренесува „Плусинфо“, откако сметководители се пожалиле дека од понеделникот не можат електронски да ги поднесат платите и дека не ги добиваат потребните декларации според кои можат да ја исплатат платата за декември, која вообичаено голем број фирми ја исплаќаат пред Нова година.

Сметководителите и минатиот месец имале проблеми при електронското поднесување на платите, а од УЈП тогаш им било кажано дека се вршела надградба на системот.

Се очекува реакција од институцијата во текот на денот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.