Повратот на ДДВ работодавачите го добиваат со големо задоцнување, изјави во своето гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, претседателката на Организација на работодавачи, Владанка Трајковска.

Имаме доцнење и по една година, затоа што Управата за јавни приходи ја користи можноста да најави контрола во однос на повратот на ДДВ и контролата да не дојде во компаниите по година, година и пол и компаниите да ги чекаат тие пари, кои ги вложиле, а и тоа како се важни за нивното работење, вели Трајковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.