Не би сакал да коментирам за дополнителните, нови мерки пред да се донесат. Попладнево ќе заседава Економскиот совет на кој ќе се разгледуваат финансиските импликации врз буџетот, крајните цени на производите и алатките за задржување на ликвидноста на компаниите. Се прават анализи од сите аспекти кои влијаат врз цената на одреден производ и услуга – даночен дел, маржите, по што мерките ќе бидат предложени и донесени, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Економскиот совет ќе заседава попладнево, во 17 часот, и на него, како што истакна Ковачевски, ќе присуствуваат и надворешни експерти кои ќе дадат свој придонес во дискусијата за избор на најдобри решенија во насока на заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството.

Премиерот уште еднаш повтори дека во земјава има непречено снабдување со нафта и нафтени деривати, а цените, рече, не ги знае, зашто за тоа е задолжена Регулаторната комисија за енергетика како независно тело кое носи одлуки според методологијата.

Има доволни количини на бензинските пупмпи и во државните резерви. Она што се случува на бензинските е од шпекулативни причини. Оние што продаваат нафта сакаат да остварат „воен профит, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со членовите на Сојузот на здруженијата на пензионери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.