Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија на сила стапи зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 4.11.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), пак, се намали за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,072 ден/кг и сега ќе изнесува 49,995 ден/кг.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се промени.

Од 8.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95   94,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98   96,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   98,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   93,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС   49,995 (денари/килограм)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.