Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 15.07.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува иста.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 50,044 ден/кг.
Ова се максималните цени што важат од вторник, 19.7.2022 година:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 101,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 103,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,044 (денари/килограм)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.