Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на главна седница донесе Одлуки со кои престануваат да важат Одлуките за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување, односно дистрибуција на топлинска енергија од страна на регулиран производител.
Со овие одлуки ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје и СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје повеќе немаат лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција и снабдување на топлинска енергија од страна на регулиран производител, информираат од РКЕ.
РКЕ претходно донесе одлука и за престанок на лиценцата за производство на топлинска енергија.
Согласно Законот за енергетика, со оглед на тоа дека станува збор за вршење на јавна дејност РКЕ ја известува Владата за овие одлуки, по што треба да се спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветни лиценци.
Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство, дистрибуција и снабдување на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.