Колку количини на пченица, сончоглед, јачмен и останати суровини ќе се увезат од соседна Србија ќе зависи од македонските компании и трговците – порача министерот за земјоделство, шумарство, водостопанство, Љупчо Николовски при посетата на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип.

Николовски очекува следната недела, кога ќе завршат административниот дел и формалностите да почне увозот на лебното зрно и останатите суровини, за кои македонските компании имаат договорено со своите партнери од Србија.

Николовски посочи дека задача на Министерството и на Владата беше да обезбеди да се тргне забраната за извоз на пченица и на останати суровини од страна на Србија.

Количините кои се неопходни ние ги прегледавме, искомунициравме и одржавме состаноци со сите комори, со сите економско-социјални партнери на Министерството, со сите компании, коишто имаат договори се со цел бидат земени предвид. Договорот којшто е постигнат е дека е отстранета забраната за извоз кон Република Македонија и второ дека ќе се реализираат сите договори меѓу трговските партнери – вели Николовски.

Тој посочи дека како Влада не преговораат колку количини на пченица и на останатите суровини ќе се узвезат од соседна Србија, туку на компаниите им обезбедија да се тргне забраната.

Она што бевме информирани дека од Србија се бара и од многу европски земји, огромни количини на пченица и на други производи. Меѓутоа приоритет имаат земјите од „Отворен Балкан“, Македонија и Србија се основачи на „Отворен Балкан“ и гледаме дека како во време на светска криза, во време на војна, во време на затворени пазари, ние сега имаме отворен пазар. Ние сега имаме дијалог, соработка и го постигнавме тој договор – вели Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.