Жестока борба со криминалот и негово целосно сузбивање ќе се овозможи преку унапредување и зајакнување на институционалната соработка со Народна банка, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска одржа состанок со гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска на којашто ја потенцираше важноста на размената на податоци и нивно мечирање за целосно сузбивање на криминалот.
За овие потреби ќе биде склучен Меморандум во кој ќе се дефинираат ингеренциите и сетовите на податоци со кои располагаат институциите, а што ќе придонесe за подобро следење на текот на парите и сузбивање на криминалните дејствија меѓу коишто и спречување перење пари и финансирање тероризам.
„Потребно е да ја зајакнеме и подобриме институционалната соработка, преку размена на податоци. Од аспект на државните интереси за жестока борба со криминалот, следењето на текот на парите, особено во делот на меѓународните трансакции е клучно“, вели Николовски.
На средбата воедно беше договорено Народната банка да спроведе обуки за вработените во Царинската управа во насока на зајакнување на институционалните капацитети во борбата против фалсификување пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.