Гигантот ФЕНИ Кавадарци од кој егзистираат илјадници семејства во Тиквешијата и е еден од главните двигатели на македонската економија е пред целосен колапс. Слики и вести кои многу потсетуваат на мачната транзиција од 90тите кога стотици илјади луѓе останаа без работа, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Криминалната и неспособна власт на СДСМ/ДУИ доведе до тоа македонското стопанство да плаќа највисока цена за струја! Додека во Србија, Босна, Хрватска или Бугарија стопанството плаќа по околу 50 до 90 евра за мегават час, во Македонија плаќа од 400 до 600 евра мегават час! Затоа СЕ ЗАТВАРААТ ФАБРИКИТЕ и НАРОДОТ ОСТАНУВА НА УЛИЦА БЕЗ РАБОТА!

ВМРО-ДПМНЕ нуди решение со кое стопанството ќе плаќа ДВОЈНО ПОЕВТИНА цена на струја и народот ќе ги задржи работните места. Ама арогантната неспособна и криминална власт не сака ни да слушне. Тонат во НЕСПОСОБНОСТ и КРИМИНАЛ, пишува Николоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.