Најдоминантно значење во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, насловена Платформа 1198 има економијата, најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на денешното претставување на програмата пред претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај годинава,

Тој нагласи:

Со платформа 1 198
• Се обврзуваме на раст на БДП до 5% годишно.
• Ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0%- 2,5% годишно
• Буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува на ниво под 3,0% од БДП.
• Намалување на невработеноста до 7,5%. Односно создавање на нови 55 илјади работни места.
• Ќе ги намалиме даноците. (Македонија да биде меѓу земјите со најниски даноци за фирмите и граѓаните. Ќе го задржиме рамниот данок; Данокот на личен доход од 10% нема да се зголемува; Даночно ослободување кај данок на личен доход ќе има за нововработени млади лица до 29 години со цел задржување на младите во економијата; Подигнување на прагот за регистрација на ДДВ од два на три милиони денари за консолидиран промет на сопственички поврзани обврзници; Ќе направиме целосен поврат на данок на личен доход за секоја вработена жена со новороденче; Данокот на добивка останува со стапка од 10%; Враќање на даночните поволности на фирмите (признат расход) за уплатените премии за доброволно здравствено и животно осигурување со цел задржување и мотивација на вработените;)
• Се обврзуваме на капитални инвестиции од најмалку 3 милијарди евра. (Годишен износ на капитални трансфери до 250 милиони евра за општините, вкупно 1 милијарда евра во текот на мандатот)
• Ќе ја редизајнираме процедурата за поврат на ДДВ и ќе доделуваме статус на „зелена карта” за олеснета постапка на поврат на ДДВ. На овој начин процедурата за поврат на ДДВ ќе биле брза и ефикасна за даночните обврзници кои ги исполнуваат критериумите за даночна доверба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.