Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук вели дека денеска бил на средба со претставниците на енергетскиот сектор.
По средбата тој објави статус на Фејсбук:
Квалитетни предлози и проекти за развивање на електро- енергетскиот систем произлегоа од денешната средба со преставниците на енергетскиот сектор.
Столбот на македонскиот на електро енергетскиот систем на Македонија е токму РЕК Битола, кои власта го гледа низ призмата за лично богатење преку криминалните тендери.
Потребна е целосна рехабилитација на РЕК Битола за стабилен електро- енергетски систем во Македонија. Негрижата на власта кон електро-енергетските капацитети во минатото доведоа до недостсток на електрична енергија, а со тоа и повисоки сметки за граѓаните.
Како идна власт ќе работиме за целосна ревитализација на енергетскиот систем.
Важно е да инвестираме во енергетскиот систем. Важно е да бидеме енергетско независна држава, напиша Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.