Минималната кошница во август за едно четиричлено семејство изнесува 48.234 денари, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија. Оттаму додаваат дека се повеќе работници работат а не можат да ги обезбедат основните прехранбени продукти. Според последните податоци на едно семејство кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил, само за овозможување на основните продукти за живот му биле потребни 41.295 денари, но со зголемувањето на инфлацијата од 16.8 отсто таа пораснала за 6.937 денари. Во оваа пресметка не се пресметани трошоците за потребни материјали за почеток на учебната година на еден ученик, за кој дополнително треба да се издвојат уште 6.000 денари. Од ССМ велат дека само за храна потребни се нешто повеќе од една минимална плата, објави ТВ21.

И од податоците на Државниот завод за статистика трошоците на живот и на индексот на цените на мало бележат зголемување во август во однос на претходниот месец. Најголемо зголемување бележи цената на лебот кој само во август се зголеми за 6,4 проценти, додека за една година поскапувањето изнесува над 44 проценти.

„Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец е забележан кај лебот и житата за 6,4 проценти, свежото и разладено овошје за 3,8 проценти, млекото за 3,6 проценти, месото за 2,5 проценти, други прехранбени производи за 1,8 проценти“, информираат од Државниот завод за статистика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.