Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави нови докази за тоа како преку продавање ноќни вишоци се оштетува буџетот на ЕСМ.

ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 30 август до 6 септември од 2 до 7 часот во вкупна количина од 2000 MWh.
Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 337/MWh!
За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 426 €/MWh или по денови:
30/Август 628,428 €/MWh
31/Август 557,212 €/MWh
1/Септември 533,17 €/MWh
2/Септември 425,486 €/MWh
3/Септември 271,298 €/MWh
4/Септември 233,426 €/MWh
5/Септември 301,902 €/MWh
6/Септември 456,874 €/MWh
Разликата во цена е:
2000 MWh x (426-337)€ = 178.000€
Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.