Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска со нов пример за тоа како се ограбува Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ:

ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 1 до 5 август, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1250 MWh.

Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 245,37/MWh!

За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 372,21 €/MWh или по денови:
1 август 359,81 €/MWh
2 август 388,95 €/MWh
3 август 363,474 €/MWh
4 август 377,758 €/MWh
5 август 371,058 €/MWh
Разликата во цена е:
1250 MWh x (372,21-245,37)€ = 158.550€

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 25 часа се оштетени за близу 10.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.