Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски која денес треба да патува за Обединетите Арапски Емирати ќе биде минимална. Заедно со него ќе патуваат и министерот за финансии, Фатмир Бесими со раководителот на секторот за меѓународни финансии, додека министерите за земјоделство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски ќе одат без советниците од своите кабинети.

Од Кабинетот на премиерот ќе патува еден советник задолжен за организација и еден претставник од секторот за односи со јавност.

Владината делегација на Обединетите Арапски Емирати ќе ги претстави макроекономските политики, развојните цели на државата и ќе оствари средби со претставници на неколку фондови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.