Во првата неработна недела од годинава, на втори јануари се извршени 38 надзори од страна на трудовите инспектори при што биле констатирани девет неправилности. На деветти јануари извршени се 48 надзори во кои се констатирани шест неправилности. Изречени се 15 инспекциски мерки од кои една е забрана за работа, поради утврдување дека работодавачот немал право да работи во ден недела, а дополнително кај него е затекнат и непријавен работник, рече денеска во Утрински брифинг инспекторот за труд Љуљзим Фаризи.
Државниот инспекторат за труд редовно извршува инспекциски надзори на ниво на државата и градот. Со измените и дополнувањето на Законот за работни односи со кој се предвидува недела да биде неработен ден, Државниот инспекторат за труд воведе и дежурства. Многу е лесно да се изврши инспекциски надзор бидејќи само ќе констатираме дали работодавачот има или нема право да работи во недела. Државниот инспекторат за труд врз основа на законот за работни односи спроведува два вида на инспекциски мерки. Според член 258 од Законот за работни односи се изрекува опомена или наредба. Доколку не ја почитува наредбата односно опомената, се изрекува глоба. По членот 259 од Законот за работни односи, на прекршителот може да му се изрече и забрана за работа ако два пати за една година се затекне непријавен работник. Од друга страна ако се затекне работен процес без да биде пријавено дека ќе се работи во недела, ќе се изрече забрана за работа од 15, односно 30 дена, вели Фаризи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.