Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје – Блаце (границата со Косово) треба да заврши во октомври годинава. Комплетната реконструкција на останатиот дел од патот е завршена. За жал, поради непочитување на патната сигнализација пред тунелот од страна на неодговорни лица, но и поради значително зголемениот проток на сообраќај, се создаваат долги редици од автомобили, напиша вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби на Фејсбук.

По реакциите и барањата на голем број граѓани, синоќа и денеска ЈПДП разговараше со изведувачот и надзорот. Асфалтирањето на едната лента од тунелот завршува во понеделник. Потоа ја разгледуваме можноста од вторник да ги прекинеме работите на другата лента за да се овозможи непречен сообраќај на двете ленти во текот на месец август за да се избегнат долгите редици во екот на туристичката сезона и зголемениот проток на автомобили. Работите на тунелот ќе продолжат во септември, а датумот на завршување на работите исто така ќе се помести, пишува Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.