Дигиталната платформа за транспортни услуги објави дека го затворила вториот квартал со добивка, првпат откако е основана, и најави дека планира да го прошири својот бизнис во патувања за одмор.
Приходите на Убер пораснале за 14 отсто во периодот од април до јуни, на 9,2 милијарди долари, јави Би-Би-Си.
Во Европа, Латинска Америка, Африка, Блискиот Исток и азиско-пацифичкиот регион тој скокнал за околу 30 отсто. Во САД и Канада, пак, порасна за само четири отсто поради слабите резултати во товарниот транспорт.
Секторот за такси услуги повторно забележа силен раст на приходите, за 40 отсто во однос на истиот период лани, по слабиот пандемски период и проблемите со недостигот на возачи. За 30 проценти се зголемени и приходите во одделот за испорака на храна.
Компанијата за прв пат го затвори кварталот со оперативна добивка од 326 милиони долари. Во истиот период лани работеше со оперативна загуба од 713 милиони долари.
Во периодот од април до јуни забележале вкупно 2,3 милијарди возења, 22 отсто повеќе од лани. Дневниот просек беше 25 милиони возења.
Извршниот директор Дара Косрошахи сака да ја прошири понудата на апликацијата за да вклучи патување за одмор.
„Патувањето е многу важен екосистем за нас (…) па рековме, еј, зошто да не влеземе на пазарот на тур-оператори?“, рече Хосрошахи.
„Во основа, развиваме услуги кои, според нас, треба да им конкурираат на традиционалните туроператори“, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.