Хрватска компанија зад која стоеле руски пари не го добила тендерот за изградба на автопатишта кој подоцна го доби фирмата „Бехтел и Енка“, вели вицепремиерот Артан Груби во „Клик плус“ на ТВ21.

На тендерот за надзор се јавиле две компании, Хил, американска и една хрватска компанија. Американската компанија не ја доставила документацијата навремено со што била дисквалификувана и со тоа останала само хрватската. Но, хрватската компанија не ја доставила банкарската гаранција од 2.7 милиони евра. Подоцна се увидело дека зад таа компанија стојат руски пари.

Според вицепремиерот Груби, ако сѐ е по план, изградбата ќе почне во средината на ноември.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.