Според најавите на надлежните институции за годинава, новина на пазарот за електронски комуникации, треба да овозможи планираното нудење услуги од петтата мобилна генерација 5Г.

Јавното отворање на понудите од тековниот тендер за доделување одобренија за користење радиофреквенции за 5Г е закажано за 5 јануари, а во рок од седум дена треба да се донесе одлуката за избор на понудувачи што ќе учествуваат во предвидената постапка на јавно наддавање.

Писма за интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофреквенции за 5Г, по објавата на АЕК на 1 јуни годинава доставија компаниите „Неотел“, „Битстрим мобиле“, „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“.

Операторите што ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постојните одобренија за користење радиофреквенции да обезбедат покриеност, во согласност со Националниот оперативен бродбенд-план.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.