Министерството за финансии го блокира зголемувањето на платите на 3.200 вработени во УКИМ. Но,  решение  понуди техничкиот министер за труд и социјала Ѓоко Велковски. Според него нема правна пречка да се зголемат платите на професорите. Тој смета дека  главна кочница за за неприфаќањето на колективниот договор се Финансии и МОН.

Од кабинетот на министерот за образование ни одговорија дека се согласуваат со колективниот договор, но проблем имало со буџетот. Од таму велат дека ако се обезбедат дополнителни парични средства МОН ќе даде “амин” за повисоки плати на универзитетските професори.

Министерството за образование и наука го почитува секој правен акт, вклучително и колективните договори со кои се регулираат правата на вработените во областа. По добивањето на дополнителен буџет од страна на Министерството за финансии, ќе започне исполнувањето на обврските кои произлегуваат од посочениот договор” – велат од МОН.

Од Финансии не добивме одговор зошто министерството го проблематизира признавањето на колективниот договор.

Во борбата за правата од колективниот договор на синдикатот на УКИМ се приклучија уште пет универзитети.Битолскиот, тетовскиот, унверзитетот Гоце Делчев, Св. Апостол Павле-Охрид и Мајка Тереза.Тие бараат итен прием кај претседателот на Собранието Јован Митрески.

Доколку не бидеме примени најдоцна до 15 февруари 2024 како синдикати на наведените јавни универзитети, ќе преземеме други чекори и постапки кои соодвестуваат на современиот синдикализам“ се наведува во соопштението на синдикатите.

Минатата недела синдикатот на УКИМ најави штрајк ако државата не даде пари за колективниот договор.Овој договор бил потпишан во декември 2022, а кој требаше да биде применуван од стартот на годината, тоа ги разбесни професорите на УКИМ. На нивните сметки месецов немаше зголемување на платите, па ректоратот, деканите и професорите решија да го кренат гласот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.