Малопродажната цена на Еуродизел од вечерва се намалува за два денара за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) согласно најновата одлука.

Со поевтинувањето, дизелот од вечерва на полноќ ќе чини 81 денар за литар.

Поевтинува и Екстра-лесното масло за домаќинство – исто така за два денара и од ноќеска ќе се продава за 80 денари за литар.

Цените на бензините не се менуваат. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе чини 81 денар за литар, додека литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.