Црвениот крст на Република Македонија одвои 10.000 евра како солидарна помош за населението во Украина. Парите ќе бидат префрлени на украинскиот Црвен крст.
Од Црвениот крст информираат дека до 15 март може да се донираат средства за настрадалното население во Украина. Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош и се вклучат во апелот што го упати украинскиот Црвен крст на следните начини:
– на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за население во Украина.
– со донирање на 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400.
Донациите на средства во странска валута може да се уплатат на следниот начин:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.