Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи потврди дека македонските домаќинства плаќаат висока цена за дистрибуцијата на електрична енергија од самата енергија затоа што кражбите во мрежата ги плаќаат самите граѓани.

Украдената струја ја плаќаат сите граѓани преку трошокот за дистрибуција. Ако јас крадам струја, сметката оди кај мојот брат. Ништо не е без пари. Имаме загуби во мрежата, која е различна во разни населени места, но вкупно е околу 15 отсто – вели Битиќи.

Тој тврди дека има тенденција за намалување на цената за дистрибуција, така што во јануари била пониска од претходниот месец.

Колку поефикасна мрежа имаме и колку помалку загуби имаме во мрежата, толку пониска ќе биде и износот за дистрибуцијата. Ако продолжи овој тренд на одговорно однесување на потрошувачите, преку штедење на енергијата, размислуваме да ја вратиме евтината тарифа преку ден – најавува Битиќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.