Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, вели дека БЕГ ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија во Скопје, а одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе ја преземе Владата.
Ваквата реакција на Бислимовски доаѓа откако претходно БЕГ соопшти дека има пари за набавка на гас до крајот на утрешниот ден.
БЕГ предлага Владата времено да го преземе управувањето со компанијата почнувајќи од утре, па сè до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона. Сепак, Бислимоски за тоа вели дека не може друг да им го решава проблемот на БЕГ, за потоа во мај да се вратат „како принцеви на бели коњи“.
Предлогот што го понуди БЕГ за Регулаторната комисија е неприфатлив, имајќи предвид дека сите опции што ги понудија и Регулаторната комисија и Владата, БЕГ и ТЕ-ТО ги одбија. Се разбира дека одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе си ја преземе Владата кога веќе БЕГ кажува дека тоа нема да може да го прави од сабота, но затоа Регулаторната комисија ќе им ја одземе лиценцата за работата. Дополнително, нека не очекуваат некој друг да им го реши проблемот за тие во мај да се вратат како принцеви на бели коњи. Сè што треба да преземе државата за да си ги заштити граѓаните, ќе преземе – вели Бислимоски за „СДК.мк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.