Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи без да се види каде се потрошени парите од минатата кризна состојба нема да поддржи продолжување на кризната состојба во енергетиката прогласена денеска.
Имаме сиромашни граѓани, плаќаат инфлација. А, имаме богата Влада која што договара во четири очи тендери и прогласува кризна состојба за да никој жив не знае како ќе идат парите од Буџетот до ЕСМ. Без да видиме каде се потрошени парите, а имаме сериозни индиции за сторен криминал, на памет не ми паѓа да побарам од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да поддржи продолжување на енергетска кризна состојба. На памет не ми паѓа, децидно одговори Мицкоски.
Тој додаде дека без да се види каде отидоа парите за јаглен, како инстант компании преку ноќ формирани добиваат милионски тендери за превоз на јаглен, каде отидоа парите за мазут, колку мазут се купи и по која цена се купи истиот тој мазут, нема да се поддржи продолжување на кризна состојба.
Нормално ли е инстант компанија денес формирана, утре да добие тендер за транспорт на јаглен од Х места. Нормално ли е ? Тоа не е нормално! Па, тука криминалот од месечината се гледа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.