Од анализата на Евростат се констатира дека малите и средни компании кои годишно трошат 500-2000 мегават-часови струја во Македонија плаќаат многу повеќе од истите комании во регионот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вестите на Сител посочи дека цените се однесуваат на второто полугодие од 2021 година, пред речиси една година од денеска.

Тогаш бизнисот во Македонија плаќал просечна цена од 144,5 евра за мегават час, просечна цена со сите давачки вклучено. За разлика од македонските бизнисмени, црногорските плаќале да речеме 79,2 евра за мегават час односно македонските бизнисмени за 82% поскапа електрична енергија. Во однос со српските бизнисмени, македонските плаќале за 38%. А, во однос на турските бизнисмени, македонските плаќале за 66%. Во однос на босанско херцеговските 70% фантастични, а во однос со косовските речиси два пати односно 98% поскапа електрична енергија плаќале македонските бизнисмени. А, во однос на хрватските 12%, во однос на словенечките 18,5%, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека државата има доволно пари да помогне на бизнисот и треба да му се помогне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.