Од потребните 900 милиони евра за покривање на буџетската дупка годинава, Владата успеа да обезбеди само 50 милиони евра и тоа од домашна банка.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на брифинг со новинарите потврди дека е земен кредит во вредност од 50 милиони евра од Шпаркасе банка, со камата од 2,5%. Според него условите за издавање еврообврзница сега не се поволни поради високите камати. Состојбата ќе се следи до крајот на годината, а дотогаш ќе се бараат други начини за да се обезбедат потребните пари.

„Кредитот е земен за премостување на периодот до издавање на еврообврзница, бидејќи каматите во моментов се многу високи, 7,5% беа во мај и јуни. Сега е 6% каматата, но чекаме поволен период за да ја издадеме, кажа Фатмир Бесими, министер за финансии



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.