Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на свеченост по повод одбележување на Денот на даночните работници, организиран од Управата за јавни приходи, изјави дека јавните приходи се темелот на системот на јавни финансии, од чиј интензитет и динамика на наплата зависи испорачувањето на јавните услуги кон граѓаните и компаниите, а клучна улога во тоа имаат даночните работници.

Со прибирање на јавните приходи се обезбедуваат средства за финансирање на образованието, здравството, инфраструктурата, социјалната заштита, како и за сите останати јавни услуги во државата. Вие, како даночни работници, ја имате една од најзначајните улоги во спроведување на словото на даночните закони и борба против неформалната економија. Почитување на законските обврски значат еднакви услови за работа за сите и еднаквост пред законот, а со тоа и намалување на неформалната економија. Презедовме значајни мерки, донесовме акциски план и заедно ќе продолжиме во справување со оваа појава, во градењето подобар даночен систем за да обезбедиме повисок квалитет на јавните услуги и забрзан раст и развој на домашната економија“, истакна Бесими.

Бесими напомена дека во изминатиот период се работело на  конципирање на даночни политики кои се во насока на исполнување на целите и приоритетите на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025, а тоа се: обезбедување  праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем којшто ќе се темели на современи дигитални технологиии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, а паралелно се преземаат чекори за дигитализација на даночните процедури и за интензивирање на интероперабилноста меѓу надлежните институции.

Исто така, Бесими потенцира дека во услови на криза се врши редовен и непречен поврат на ДДВ кон стопанството, а за граѓаните продолжува примената на мерката МојДДВ.

Ќе продолжиме и потнатаму со блиска соработка со Управата за јавни приходи и заеднички ќе работиме на реализација на низа приоритети во даночната сфера, меѓу кои и континуриано унапредување на даночното законодавство, зголемување на ефикасноста и ефективноста во прибирањето на даночните приходи, борба против неформалната економија, зголемување на транспарентоста на даночниот систем и зајакнување на соработката со министерствата за финансии и даночните администрации од регионот и пошироко“, посочи Бесими.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.