БЕГ обезбеди гас за до крајот на април. Договорот е склучен со ТЕТО и тежи 70 милиони евра. Договорот бил склучен уште минатиот вторник, кога се шпекулираше дека скопјани ќе останат без парно во јануари. До бирото за јавни набавки е пуштен на 30.12. Одлуката за поскпување на парното за 14% беше донесена ден подоцна, во петокот пред Нова година.
Од саботата освен парното, поскапа е и струјата, а веќе нема евтина тарифа преку ден. Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска со тврдење дека укинувањето на евтината струја е последната лага на СДСМ. Тврдат дека реалното зголемување на цената на струјата е 15%, а сето ова што се случува е резултат на недомаќниското работење на власта во енергетскиот сектор.
Ако ЕЛЕМ навреме копаше јаглен и не ги испразнеше акумулациите, ќе имавме домашно производство на електрична енергија по цена три до четири пати поевтина од увозната. Со тоа немаше да дојдеме до оваа мизерна состојба во која Република Македонија се соочува со уништени енергетски компании доведени пред банкрот, без домашно производство на електрична енергија и осиромашени граѓани кои едвај врзуваат крај со крај, вели Стевче Антовски ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ пак со контра тврдење. Во Турција струјата поскапува за 50, во Италија за 55%, кај нас само за 9,48% благодарение на навременото активирање на диомашните капацитети.
Обезбедени се доволни количества на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со двата блока. Во план е месецов да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино. Со тоа, сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбеденни од домашно производство, без да има каков било увоз на струја во месец јануари, вели Костадин Ацевски, СДСМ.
Новите цени на парното и струјата ќе важат 6 месеци, а потоа се очекува да попушти и кризата на глобалниот енергетски пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.