Денеска во 10:30 часот во Полициска станица Гостивар пријавено е дека на четири станбени згради и трафостаница на улиците „Гоце Делчев“ и „Мара Угринова“ во Гостивар, со син спреј, биле испишани неколку графити со заканувачки, етнички мотивирани содржини, соопшти предмалку СВР Тетово.

Оттаму велат дека испишаните графити се фотодокументирани и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.