Пешак загина на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрил „пасат“, управуван од државјанин на Србија, соопшти денеска СВР Куманово.

Денеска во 17:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода каде возило „пасат“ со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Република Србија удрило во пешак Б.Д. (64) од село Облавце. Во незгодата пешакот загинал на самото место, соопшти СВР Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.