Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Кумановo-Скопје, под клучка „Илинден“, автобус „неоплан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(63) од Скопје, удрил во велосипед управуван од Т.Н.(67) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што денеска починал.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.