Вчера во 10.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Октомвриска револуција“, бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Благоја Богдановски Гуцман“ во Куманово, патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(82) од Куманово, удрило во велосипед управуван од Р.М.(66) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.