СВР Велес поднесе кривични пријави против Е.А.(43) од с.Горно Оризари, велешко и против И.З.(39), Д.А.(29) и И.С.(48), сите од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Како што соопштува МВР, пријавените, на 12, 15 и 17.07.2022 на нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук напишале коментари и објави со кои ширеле невистини и повикувале на омраза и нетрпеливост и насилство кон други лица или групи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.